РКЕ ЌЕ ГИ УТВРДУВА НОВИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Ќе има ли поскапување?
Поради промените на цената на нафтата на светските берзи, можно е ново поскапување.

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одржи редовна седница на која ќе ги утврди новите цени на горивата.
Поради промените на цената на нафтата на светските берзи, можно е ново поскапување. Брент нафтата моментално се продава за 64,5 долари за барел.
Сегашните цени на горивата се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,5 ден/л
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,5 ден/л
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 70 ден/л
Цени важат до утре на полноќ.
CATEGORIES Бизнис


