БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ПОВРЕДИ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО Канцеларии за помош ќе бидат отворени во повеќе градови

Денеска, од 7 до 19 часот, во канцеларијата на Народниот правобранител ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните можат да пријават повреди на избирачкото право.
Покрај главната канцеларија во Скопје, отворени ќе бидат и подрачните канцеларии во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, каде граѓаните можат да побараат помош за заштита на своите права.
Дополнително, достапни се и следниве броеви:
Тетово – 044 344-082,
Кичево – 045 228-586,
Битола – 047 242-310,
Куманово – 031 431-488,
Струмица – 034 329-996,
Штип – 032 389-700.
Омбудсманот најавува итни мерки за заштита на граѓаните и потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано, слободно и тајно, а секоја негова повреда претставува казниво дело. Апелира и до сите учесници во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи при гласањето.


