ДО 11 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА НИВО НА ДРЖАВА БИЛА НЕШТО НАД 9% Најголема излезност имало во Пробиштип, Лозово и Демир Капија

Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред.

ДО 11 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА НИВО НА ДРЖАВА БИЛА НЕШТО НАД 9% Најголема излезност имало во Пробиштип, Лозово и Демир Капија

Одѕивот на гласачите во вториот круг од локалните избори до 11 часот изнесува 9,21 отсто, при што своето право на глас го оствариле 93.219 граѓани.

„Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред. Постапката тече непречено и досега немаме евидентирано никакви проблеми со изборниот материјал или со работата на избирачките одбори“, изјави Кондарко на прес-конференција.

Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани, од кои 474.304 се во Скопје.

CATEGORIES
Share This