СЕКОЈ ГЛАС СЕ БРОИ Денес гласаат и болните и притворените
Гласањето започна во 7 часот досега и се одвива непречено во сите општини и во Градот Скопје.

Денеска се спроведува гласањето за болните и немоќните лица, лицата кои издржуваат казна затвор или се во притвор, како и за оние кои се сместени во установи за вонсемејна грижа и навреме се пријавиле за гласање.
Овој вид гласање се одвива во општините каде што се одржува вториот круг од локалните избори, како и во Градот Скопје.
Вкупно 4.826 болни и немоќни лица денес имаат можност да го остварат своето избирачко право.
Во 14 казнено-поправни установи, со почеток во 7 часот утринава, гласаат 1.256 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.
Покрај нив, 214 лица сместени во 13 установи за вонсемејна грижа денес можат да гласаат на местата предвидени за оваа намена.
Гласањето започна во 7 часот досега и се одвива непречено во сите општини и во Градот Скопје.


