УЛМЕР МИНСТЕР НЕ Е ПОВЕЌЕ НАЈВИСОКАТА ЦРКВА ВО СВЕТОТ Од денес Саграда Фамилија во Барцелона е највисоката црква
Проектирана од Антони Гауди, базиликата се гради повеќе од еден век и треба да биде завршена следната година.

Фото: AFP
Саграда фамилија во Барселона стана највисоката црква во светот откако беше поставен првиот дел од крстот на врвот на централната кула, достигнувајќи висина од 162,91 метар. Така ја надмина германската „Улмер Минстер“, висока 162 метри.
Проектирана од Антони Гауди, базиликата се гради повеќе од еден век и треба да биде завршена следната година. Централната Кула на Исус Христос ќе достигне 172 метри кога ќе биде целосно поставен крстот, а комплетирањето на украсите и скулптурите се очекува да трае уште една деценија.
CATEGORIES Магазин


