УАПСЕНИ УШТЕ ПЕТ ЛИЦА ЗА КРАЖБАТА ВО МУЗЕЈОТ ЛУВР До сега се приведени седум лица

Двајцата претходно приведени осомничени, на 34 и 39-годишна возраст, дале делумни признанија.

УАПСЕНИ УШТЕ ПЕТ ЛИЦА ЗА КРАЖБАТА ВО МУЗЕЈОТ ЛУВР До сега се приведени седум лица

Уште пет лица се уапсени во врска со грабежот на вреден накит од музејот Лувр во Париз, со што бројот на приведени се зголеми на седум, соопшти париската обвинителка Лор Беко.

Апсењата се извршени во регионот на француската престолнина, неколку дена по приведувањето на две лица кои делумно ја признале вината.

Украдениот накит, вреден околу 88 милиони евра, сè уште не е пронајден.

CATEGORIES
Share This