МИНАТАТА ГОДИНА УВОЗОТ НА ЕНЕРГИЈА ПОГОЛЕМ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО Соларната енергија со раст од 140%

Вкупната потребна енергија изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe), со најголемо учество на нафтените продукти (44.7 %) и цврстите горива (24.9 %).

МИНАТАТА ГОДИНА УВОЗОТ НА ЕНЕРГИЈА ПОГОЛЕМ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО Соларната енергија со раст од 140%

Минатата година, 65.5 % од енергијата во земјава била обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe), со најголемо учество на нафтените продукти (44.7 %) и цврстите горива (24.9 %).

Бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што е за 10.6 % помалку од 2023 година. Лигнитот и хидроенергијата бележат пад, а соларната енергија раст од 140 %.

Финалната потрошувачка изнесува 1 859 697 toe – најмногу во сообраќајот (47.6 %) и домаќинствата (26.1 %).

Обновливите извори учествуваат со 39.4 % во производството на електрична енергија, а 35.4 % во домашната потрошувачка. Просечната потрошувачка по жител е 1 727 KWh годишно.

CATEGORIES
Share This