МАРТИНИЈАН КИРИЛОВСКИ СО ВПЕЧАТЛИВ НОВ СПОТ ЗА ПЕСНАТА „БЕЗ ДА КАЖЕШ ЗБОР“ Современ звук, силна емоција и визуелна приказна што освојува
Со оваа песна, Мартинијан уште еднаш го потврдува својот автентичен израз и уметничка зрелост.
По настапот на овогодинешниот Макфест, Мартинијан Кириловски го претстави видеото за песната „Без да кажеш збор“, која брзо го привлече вниманието на јавноста.
Песната е авторско дело на Илија Ќосевски, кој стои зад музиката, текстот и аранжманот. Таа комбинира модерен звук и емоционална длабочина, а според Мартинијан, „покажува дека понекогаш тишината зборува најмногу“.
Видеото, снимено во ProLight Studio во Скопје под режија на Томислав Живковиќ, визуелно ја надополнува емоцијата на песната. Во него се појавува моделот Евгенија Петрушевска од Max Models.
Со оваа песна, Мартинијан уште еднаш го потврдува својот автентичен израз и уметничка зрелост. Видеото е достапно на неговиот YouTube канал, а песната на сите дигитални платформи.
CATEGORIES Сцена


