ШОК ВО ЗДРАВСТВОТО – Нефрологот Кузмановски лечел пациенти, се дрогирал и немал лиценца

Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8 август 2025 година, на местото на Фатмир Меџити, кој претходно беше откриен дека истовремено бил и хонорарец во Министерството за здравство со месечен надомест од 1.000 евра, што предизвика нови полемики за злоупотреби во здравствениот систем.

ШОК ВО ЗДРАВСТВОТО – Нефрологот Кузмановски лечел пациенти, се дрогирал и немал лиценца
Фото: Принтскрин

Лекарската комора на Македонија не може да му ја одземе лиценцата за работа на поранешниот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, бидејќи тој воопшто нема активна лиценца. Лиценцата му истекла уште на 15 март годинава, а барањето за нејзино продолжување го поднел дури минатата недела. Засега, постапката за обновување е во тек, а името на Кузмановски не е на официјалниот список на активни лекари на веб-страницата на Комората.

Според правилникот на Комората, лекар кој ја пропуштил законската обврска за обновување на лиценцата може да ја добие повторно само по дополнителна обука и полагање стручна проверка пред комисија. Лиценцата важи седум години, а барањето за продолжување мора да се поднесе најмалку 30 дена пред истекот, што значи дека Кузмановски требало тоа да го направи уште на 15 февруари.

Разрешувањето на Кузмановски се случи во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца, а во коментар зборува за купување „бело“. Видео-снимката предизвика лавина реакции, а Министерството за здравство веднаш го разреши од функцијата директор на Клиниката за неврологија.

Викендов, пак, во јавноста се појави писмо со поддршка за Кузмановски од колеги од Клиниката за неврологија.

Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8 август 2025 година, на местото на Фатмир Меџити, кој претходно беше откриен дека истовремено бил и хонорарец во Министерството за здравство со месечен надомест од 1.000 евра, што предизвика нови полемики за злоупотреби во здравствениот систем.

CATEGORIES
TAGS
Share This