ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ВО ТАЕН РАЗГОВОР ЗА ТОМАХАВК – Украина на чекор до ракетен удар врз Русија
Кремљ и воените аналитичари се уверени дека нема. Путин на клубот „Валдај“ изјави дека „Томахавките“ ќе имаат иста судбина како и другите западни системи досега испорачани на Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Владимир Зеленски имале телефонски разговор од околу половина час за можната испорака на крстосувачките ракети „Томахавк“ за Украина, пишува Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.
Зеленски го нарече разговорот „многу позитивен и продуктивен“. Тој му честитал на Трамп за мировниот договор за Газа и додал:
„Ако таа војна може да се заврши, тогаш и другите можат – вклучително и онаа со Русија“.
Украинскиот претседател го информирал Трамп за новите руски напади врз енергетскиот систем и истакнал дека очекува дополнителна поддршка за зајакнување на воздушната одбрана.
Трамп неодамна изјави дека е блиску до одлука за евентуална испорака на „Томахавк“ ракети, но сака да види како Киев планира да ги користи.
Москва реагираше остро. Владимир Путин порача дека одговорот на Русија ќе биде „значително јакнење на системот за воздушна одбрана“. Тој ги оцени коментарите на Зеленски за можни удари врз Москва како „обично фалење“.
Руски воени експерти велат дека „Томахавк“ не е нов предизвик за нив. Алексеј Журавлев, заменик-претседател на Комитетот за одбрана, изјави:
„За секој томахавк имаме свој С-350, создаден специјално против вакви ракети. Тоа е едноставна цел за нашата ПВО уште од советско време. Друго е што тие можат да носат нуклеарни боеви глави – тоа веќе е сосема друго ниво на конфликт“.
„Томахавките“ обично се испукуваат од бродови и подморници. Теоретски, САД би можеле да најдат начин за копнено лансирање од Украина, но тоа е неизвесно. Дури и ако пробијат дел од руската одбрана, останува прашањето дали би имале вистинско влијание врз фронтот.
Кремљ и воените аналитичари се уверени дека нема. Путин на клубот „Валдај“ изјави дека „Томахавките“ ќе имаат иста судбина како и другите западни системи досега испорачани на Украина.

