ФОТОВОЛТАИЦИ НА БАТЕРИЈА – Жена му на Ковачевски добила премии, земјиште за 70 денари квадрат, ама заборавила да изгради централа

Фирмата на сопругата на екс-премиерот Ковачевски фатила добивка без централа - државата ѝ удри клуч на премиите!

ФОТОВОЛТАИЦИ НА БАТЕРИЈА – Жена му на Ковачевски добила премии, земјиште за 70 денари квадрат, ама заборавила да изгради централа
Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика активираше околу 40 милиони денари (650.000 евра) банкарски гаранции на четири компании кои добиле право на државни премии за изградба на фотоволтаици, но не ги исполниле обврските.

Според министерката Сања Божиновска, фирмите не ги изградиле централите во предвидениот рок и без оправдан застој, поради што државата ја наплатила гаранцијата и им ги укинала лиценците.

Без премии останаа: „Пуцко Петрол“, „Сол Груп 5“, „ЕМК ДООЕЛ“ и „СБН Енерџи“.

Најмногу внимание предизвикува „Сол Груп 5“ – компанија во која ко-сопственик е Елена Ковачевска, сопругата на поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Имено, владата во времето на Ковачевски донела одлука Општина Радовиш да ѝ продаде на „Сол Груп 5“ државно земјиште за само 70 денари по метар квадратен за изградба на централа од 1,8 мегавати во с. Раклиш. Одлуката ја потпишал тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, а Ковачевски тврдеше дека бил изземен од гласањето.

Податоците покажуваат дека фирмата нема лиценца во Регулаторната комисија за енергетика, нема ниту еден вработен, а првпат прикажала приходи во 2024 година – 838 илјади денари, со добивка од 345 илјади. Основана е во 2020, но четири години немала никаква активност.

Сопственици на „Сол Груп 5“, покрај сопругата на Ковачевски, се и: Димитар Тренчев – кој на фирмата ѝ продал земјиште, Кирил Паунов – син на кумот на Ковачевски, Светлана Тунџева – сопруга на поранешниот директор на Катастар, Борис Тунџев и Здравко Тумбоски – син на бизнисменот Загорац Тумбовски.

Со ова, компанијата на семејството Ковачевски и негови блиски остана без државна поддршка за фотоволтаици, а државата ја наплати банкарската гаранција.

CATEGORIES
Share This