ЈУНАЈТЕД МУ ДАВА РОК НА АМОРИМ Три натпревари за спасување на кариерата

ЈУНАЈТЕД МУ ДАВА РОК НА АМОРИМ Три натпревари за спасување на кариерата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се наоѓа под голем притисок, откако клубот му постави ултиматум за следните три натпревари. Според информациите од „Дејли Мирор”, овие натпревари ќе бидат клучни за неговата иднина на тренерската позиција. Тимот ќе се соочи со Челзи, Брентфорд и Сандерленд, а овие мечеви се последни пред октомвриската пауза за репрезентативни обврски.

Досега, Манчестер Јунајтед успеа да освои само четири поени од првите четири натпревари во Премиер лигата, а последниот пораз од градскиот ривал Манчестер Сити со 3:0 дополнително ја зголеми тензијата во клубот. Шефовите на „црвените ѓаволи” очекуваат значително подобрување не само во резултатите, туку и во играта на тимот.

Според „Мирор”, раководството верува дека составот на Манчестер Јунајтед има потенцијал да се бори за врвните позиции во лигата и за учество во европските турнири. Сепак, актуелната форма е разочарувачка и клубот не сака да ја отпише сезоната само три месеци по нејзиниот почеток. Затоа, тие се подготвени да направат промени на тренерската позиција, доколку ситуацијата не се подобри.

На „Олд Трафорд” веќе е составен список со пет потенцијални заменици за Аморим, во случај на негово разрешување. На овој список се наоѓаат имена како Оливер Гласнер, моментално тренер на Кристал Палас, Андони Ираола од Борнмут, Паурисио Почетино, кој ја води репрезентацијата на САД, Марко Силва од Фулам, и поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт. Оваа ситуација создава дополнителен притисок на Аморим, кој мора да се докаже во следните натпревари.

CATEGORIES
Share This