СЕМЕЈНА ТЕПАЧКА ВО ПЕХЧЕВО Инцидент со употреба на предмети

СЕМЕЈНА ТЕПАЧКА ВО ПЕХЧЕВО Инцидент со употреба на предмети

На 11. септември 2025 година, околу 19:30 часот, во ОВР Берово е пријавен инцидент во семеен дом во едно од селата во Пехчевско. Според информациите, по претходни недоразбирања и зголемена напнатост, дошло до физичка пресметка помеѓу две семејства. Во конфликтот учествувале Б.Т. и неговата сопруга В.Т. од една страна, и М.Т. со неговата невенчана сопруга В.Д. од друга страна. За време на инцидентот, биле употребени и дрвени предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

CATEGORIES
Share This