НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН – Биометриски податоци и постепена примена од 12 октомври

Тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отисок од прст и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот пат ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН – Биометриски податоци и постепена примена од 12 октомври

Македонските граѓани од 12 октомври ќе треба да оставаат биометриски податоци – отисок од прст и фотографија – при влез во Шенген зоната, согласно новиот систем за влез-излез на ЕУ. Деца до 12 години ќе бидат изземени од оваа обврска.

Системот ќе се применува постепено во рок од шест месеци, а еднаш регистрираните патници потоа ќе можат да користат автоматски влез на аеродромите. Целта е поголема безбедност, спречување злоупотреби со престој и побрза гранична контрола, истакна евроамбасадорот Михалис Рокас.

Од 2026 година ќе започне и ЕТИАС системот, со кој патниците без виза ќе мора однапред онлајн да го најават своето патување, со регистрација што ќе чини 20 евра и ќе важи три години.

CATEGORIES
Share This