НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – Предупредување за денес
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Фото: Национал
Времето денеска (11.09.) ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h) и темпертатура во интервал од 14 до 32 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
CATEGORIES Македонија


