Тања Алексиќ во „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија 01.03.2024
Вечерва, петок, 1 март 2024 година, во 20:00 часот во еемисијата „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија со водителот Сашо Тасевски гостинка Тања Алексиќ, професорка по македонски јазик, но, освен за исцрпното научно толкување за македонскиот јазики разговор на многу интересни теми со професорката, родена во Скопје, противник на ботокси и филери, на пластика…скромна, нормална и сигурна. Со еден маж цел живот. Со нејзиниот маж. Од нејзини 16 години. Жена за Гинис. За моногамноста и промискуитетот, за сексот и малограѓанштината, за сексуалната азбука, за ергоните зони, за изопаченоста сервирана од инстаграм и тик ток, за младите, нивната расчовеченост и опседнатоста со материјалното, да се има да се купи, да се поседува, од кола до девојка. Со еден збор, одлична емисија.


