МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОД ПРИТИСОК Аморим со повеќе порази отколку победи

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОД ПРИТИСОК Аморим со повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно разочара своите верни навивачи. И покрај значителните инвестиции во летните засилувања, стартот на новата сезона не ги оправдува вложените средства. По неуспехот против Арсенал во претходното коло, кој барем донесе подобра игра, денеска „црвените ѓаволи“ одиграа само 1-1 против Фулам, повторно активирајќи стари грижи од минатата сезона.

Тренерот Рубен Аморим се наоѓа под голем притисок. Статистиката не му оди во прилог – од моментот на неговото доаѓање на „Олд Трафорд“, тој управуваше со 29 натпревари, а резултатите се загрижувачки: 15 порази, седум победи и седум ремија.

Ако ситуацијата не се подобри во блиска иднина, смената на тренерот ќе стане сè поизвесна опција. Аморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи.

CATEGORIES
Share This