ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА -29 листи потврдени, шест во постапка, утврдена кандидатура и за Скопје

На вториот ден од седницата (недела, 24 август), Централниот комитет на Единствена Македонија ги разгледуваше и утврди листите за советници и градоначалници за претстојните локални избори на 19 октомври

ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА -29 листи потврдени, шест во постапка, утврдена кандидатура и за Скопје
Фото: Национал

Централниот комитет на Единствена Македонија на вториот ден од седницата што се одржува во Охрид, денеска (недела, 24 август) ги разгледуваше и утврди листите за советници и градоначалници за претстојните локални избори на 19 октомври. Утврдени се 29 кандидатски листи, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет. Донесена е и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Воедно, потсетуваме дека вчера (сабота, 23 август) на првиот ден од седницата беа донесени повеќе статутарни одлуки од надлежност на Централниот комитет. Избран се членовите на Извршниот комитет а одлучено е секој член на ИК да раководи со Комисија. Извршниот комитет е во состав:

  • Јанко Бачев – претседател,

  • Емилија Гелева – меѓународна политика и политички систем,

  • Вангел Симев – спорт, образование и администрација,

  • Томе Димишковски – научно-технолошки развој и енергетика,

  • Евгенија Николовска – грижа за Македонците во соседството и дијаспората,

  • Атанс Стојанов – земјоделство, шумарство, животна средина и туризам,

  • Злате Војноски – финансии, транспорт и стопанство,

  • Милан Јовчески – култура, локална самоуправа, социјална политика и млади,

  • Вилијам Михајловски Гајда – внатрешна безбедност, одбрана и правда.

  • За Генерален секретар е избран Милан Јовчески. За Организациски секретар – Томче Јовановски.

CATEGORIES
TAGS
Share This