30 ГОДИНИ ЈА СЛЕДЕШЕ СЕНКАТА НА КЛИНТОН Моника Левински денес е сосема друга личност

Некогашната практикантка во Белата куќа, по три децении од аферата што го потресе Вашингтон, денес се бори против онлајн насилството и јавниот линч.

30 ГОДИНИ ЈА СЛЕДЕШЕ СЕНКАТА НА КЛИНТОН Моника Левински денес е сосема друга личност
Фото: Принтскрин

Речиси три децении откако нејзиното име стана познато ширум светот по аферата што ја потресе Белата куќа, Моника Левински денес се обидува да ја врати контролата врз сопствената приказна. Некогашната практикантка во Белата куќа, која јавноста ја запозна преку скандалот со тогашниот американски претседател Бил Клинтон, денес има сосема поинаква улога. Таа е активистка, продуцентка и водителка на подкаст, а најголем дел од нејзината јавна работа е насочен кон борбата против сајбер насилството, јавното срамење и злоупотребата на моќта. Левински отворено зборува за последиците што ги оставиле медиумскиот притисок, нарушената приватност и осудувањето од јавноста. Преку својот подкаст „Reclaiming with Monica Lewinsky“ таа разговара за лични искуства, трауми и процесот на повторно градење на сопствениот идентитет.

Родена на 23 јули 1973 година, Моника Левински денес има 52 години. Наместо да го крие минатото, таа во последните години се обидува да го стави во поширок контекст и како пример за последиците од јавниот линч, медиумската изложеност и нееднаквата распределба на моќ. Од 2014 година таа повторно активно се појавува во јавноста, испраќајќи пораки за емпатија, одговорност и заштита на луѓето кои се жртви на онлајн малтретирање. Нејзината приказна подоцна беше обработена и во серијата „Импичмент: Американска криминална приказна“, каде Левински беше вклучена како продуцентка и се обиде да обезбеди нејзината перспектива да биде прикажана со поголема чувствителност.

Левински во 1995 година пристигнала во Белата куќа како практикантка, кога имала само 21 година. Во тој период започнала нејзината врска со претседателот Бил Клинтон, која траела до 1997 година. Подоцна била префрлена во Пентагон, откако било забележано дека често престојува во близина на претседателот. Таму се зближила со Линда Трип, на која ѝ ги открила деталите од врската. Трип тајно ги снимала нивните разговори, а тие снимки станале еден од клучните елементи во истрагата што следела и која прерасна во една од најголемите политички кризи во поновата американска историја.

Во 1998 година Претставничкиот дом покрена постапка за импичмент против Клинтон поради обвиненија за лажно сведочење и попречување на правдата. Сепак, Сенатот во 1999 година го ослободи од обвиненијата, а Клинтон остана на функцијата до крајот на мандатот. Денес, Моника Левински повеќе не сака да биде запаметена само како дел од еден политички скандал. Таа своето искуство го претвори во јавна борба против понижувањето, онлајн насилството и злоупотребата на моќта, обидувајќи се нејзината приказна да биде гледана низ призмата на преживување и лична трансформација.

СЕ СЕЌАВАТЕ НА МОНИКА ЛЕВИНСКИ – Сега е глас за жените и изборите

CATEGORIES
Share This