Зошто владите на некои европски и светски земји ги враќаат книгите во училиштата

Владата и министрите  за образование и наука наместо да водат образовна политика, тие  се занимаваат со политика во образованието. И истите не чувствуваат потреба од одговорност.

Зошто владите на некои европски и светски земји ги враќаат книгите во училиштата
Фото: Национал

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Вторник, 23 јуни 2026 година

Има многу прашалници што се поставуваат зошто повеќе европски  и светски влади планираат во училиштата да ги вратат книгите, а да се забранат мобилните телефони, некои и социјалните мрежи за децата или забрана на вештачката интелигенција(ВИ) и слично.

Па така, чешката влада поднесува Закон за забрана на употреба на мобилните телефони во училиштата од септември 2027 година, со некои исклучоци како што се здравствени причини или употреба на образовни цели. Во овој дел  чешката влада размислува и за забрана на социјалните мрежи за децата по примерот на Франција. Полска ги следи земјите како Холандија, Јужна Кореја и Италија во забраната на паметни телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето.

Во овие рамки треба да се напомене дека, кога станува збор за социјалните мрежи Австралија беше првата што го забрани пристапот за деца, а Обединетото Kралство овој месец објави забрана за лица под 16 години.

Што забранува норвешката влада во училиштата?

Норвешка една од клучните скандинавски земји, заедно со Шведска и Данска го формираат географско и културно јадро на Скандинавија. Норвешка воведува целосна забрана на вештачката интелигенција (ВИ) во основните училишта, а истовремено ја ограничува нивната употреба и во образованието на постарите деца за да се спречи негативното влијание врз учењето. Која е причината? Норвешкиот премиер соопштил дека: „ причината е значителниот пад на резултатите на тестирањата, норвешката влада во 2024 година ги забрани паметните телефони во училиштата, и додава:„ Користењето на ВИ го зголемува ризикот малите деца да прескокнат важни чекори во своето образование“ изјавил премиерот Јунас Гар Стерс. Понатака премиерот Стерс истакнува:„ Најважното во училиштата е нашите деца да научат да читаат, пишуваат и сметаат“, додавајќи дека новите стандарди ќе почнат да се применуваат од новата учебна година, која започнува кон карајот на август. Па така, норвешката влада соопштува:

  • Учениците од прво до седмо одделение од 6 до 13 години, по правило не би требало да користат ВИ, додека учениците во пониските класови на средно образование, на возраст од 14 до 16 години ќе можат внимателно да ги користат овие алатки под надзор на наставниците,
  • Во повисокото средно образование, од 17 до 19 години, учениците ќе треба да научат правилно да ја користат ВИ за да бидат подготвени за понатамошно образование и работа.

Треба да се напомене дека Норвешка започна со воведување компјутеризација во училиштата во 1990-те години, а таблети од 2010 година-наваму, со што се намали зависноста на учебници и рачно пишување. Менувајќи го овој тренд норвешката влада предложила  законски решенија за финансирање на поголема  употреба на книги во наставата, како и најави план за забрана на социјални мрежи додека не наполнат 16 години следејќи го трендот што го започнала Австралија и неколку други земји со цел да се намали користењето електронски уреди меѓу младите.

Зошто Шведска ги враќа книгите во училиштата

Со одлука на шведскиот парламент од 1 јули 2024 година  стапија во сила измените на Законот за образование, со кои, меѓу другото, ќе се обезбеди пристап до учебници, други едукативни материјали и други помагала за учење. Само да се напоменe дека предходно на учениците не им бил гарантиран пристапот  до учебниците. Па така, Владата го задолжил училишниот инспекторат да го проверат пристапот  на учениците   до учебниците и другите наставни материјали.

По одлуката на шведските власти да вратат што е можно повеќе книги во училиштата наместо  таблети, комјутери и други дигитални помагала како што  објаснува шведскиот министер за образование и наука, дигиталните алатки за учење треба да се воведат во наставата само на  возраст кога не го попречуваат учењето на учениците. Се наведува дека шведската влада нема да го следи предлогот на Националната агенција за образование за дигитална стратегија бидејќи беше критикувана од невролозите и педијатрите.

Се поставува прашањето: Зошто власта во Шведска, земја која може да се нарече пионер во модернизацијата и  дигитализацијата на наставата, се решила на ваков драстичен чекор и што можат другите да научат од тој пример?

Шведскиот министер за образование дава детално објаснување:

  • Способноста на учениците да читаат и да го разберат она што го читаат е основа за учење по сите училишни предмети. Училишната политика на шведската влада има цел да се врати на основите и да изгради силен училишен систем заснован на знаење, со акцент во раните одделенија на основни вештини како читање, пишување и аритметика.

Додаваат дека најдобрите услови за развојот на основните вештини за читање и пишување може да се најдат во аналогни средини со аналогни помагала.

  • Затоа е важно учениците да работат со пенкало и хартија и, последно, но не и најмалку важно, да имаат пристап до учебници и училишни библиотеки со персонал, ќе истакне министерот за образование., и додава:
  • Дополнително, добрите вештини за читање им овозможуваат на учениците да се движат низ светот и да ги стекнат потребните знаења и информации, но и да ја доживеат радоста на читанките-можност да откриваат нови светови и да ги разберат другите.
  • Постојат научни докази дека средини без екран создаваат подобри услови за децата да градат односи, да се концентрираат и да научат да читаат и пишуваат. Затоа, важно е дигиталните алатки за учење да се воведат во училницата само на возраст кога тие промовираат учење и  не им го попречуваат учењето на учениците. Затоа, употребата на такви помагала мора внимателно да се разгледаат, соопштуваат од министерството.

Оттаму објаснуваат дека шведските ученици им треба повеќе учебници. Пристап до добра белетристика и нефикција е од суштинско значење за да се потикне стрaста за читање. Шведската влада инвестирала за да им овозможи на предучилишните установи и училиштата да купат повеќе литература, а инвестирала и во развојот на вештините на наставниците за зајакнување на јазикот на учениците, писменоста и математичките вештини. (Извор: Nin.rs)

Што покажуваат последните истражувања за образованието од страна на УНИЦЕФ за Македонија

Образованието на сите степени  е во криза.  Образовниот систем во Македонија го тресат голем број скандали од обелоденувањето на  квази-научни трудови и препишување, трудови што се целосно плагијати, до непотребни заеми од Светска банка за небулозни, безпредметни и некорисни проекти. Всушност, образовниот систем во Македонија, само ја отсликува македонската политичка стварност. Така, во многу сегменти од образованието, сведоци сме на неспособност, безаконие, неорганизираност, корупција, малверзација, злоупотреба, сервилност, дефетизам, недостиг на контрола, непотизам и задоволување на партиските интереси. Образованието во Македонија е во криза, а деградацијата на образованието  е застрашувачка. Но министрите за образование и наука, како поранешната Дескоска, Адеми, Цароска, Шаќири и сегашната Јаневска за ваквите образовни состојби во образованието не чувствуваат одговорност.

Последните истражувања од страна на УНИЦЕФ, поткрепени со референци од Светска банка, Европската комисија, ОЕЦД, (Wold Bank(2000), Human Capital Project.. Достапно на https//www.woldbank.org/en/publication/human-capital. Europiean Commission, OCED, UNICEF(2000) Educaation in theWesternBalkans.Достапно наhttps;//www.oecd-ilibrary.org/education/ education-in-the-western-balkans_764847ff-en. UNICEF (2021)Unpublished Analysis…)  документ за политики за степенот дали Македонија добро ги искористува ресурсите за образование, односно  Колку училиштата се по мерка на детето, од истражувањата резимираат дека: „ Македонија се соочува со криза во учењето, а постигнувањата на учениците се под просекот на учениците од Западен Балкан, ЕУ и ОЕЦД. Соседните земји постигнале подобри резултати од учењето со малку повисоки нивоа на расходи за образованието…Во моментот 87% посто од расходите за основно образование се трошат за плати за вработените во училиштата, поради што нема доволно средства за капитални инвестиции, обнова и одржување на објектите во добра состојба, како и инвестирање во професионалниот развој на кадарот“.

Во овој контекст од истражувањата истакнуваат дека:„ ако аспирациите на Македонија да ја подобри економската конкурентност и да ја  забрза интеграцијата во Европската Унија се од клучна важност за да се постигне посигурна, отпорна, одржлива и просперитетна иднина на граѓаните. Постигањето на тие цели во голема мера зависи од градењето на работна сила со високи квалификации и развојот на човечкиот капитал. Сепак, според Индексот за човечки капитал (2020) на Светска  банка, која ја проценува продуктивноста на следната генерација на работници, споредбено со одредницата за целосно образование и здравје – едно дете кое денеска е родено во Македонија ќе има продуктивност од 56 проценти од тоа што би можело да го постигне доколку му биде обезбедено квалитетно образование и биде потполно здраво. Тоа е најниската стапка во Европа и е пониска од просекот на земјите со високо среден приход. Висококвалитетното и правично  образование е една од најважните области за креирање нови можности и подобрување на квалитетот на живот за денешните и идните генерации. Тука се поставува прашањето: Дали училиштата се соодветни за нивната намена за да се обезбеди сигурен и одржлив социо-економски развој и да се подобри добро состојбата на граѓаните во земјата.

Македонија се сочуваше и се соочува со криза во  учењето. Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) покажува поразителни резултати. Во Западен Балкан сме најслаби (во читање, Математика и Природни науки). Поразителна е аналитиката која ја искажуваат дека: „ По 11 години поминати на училиште, едно дете во Македонија во просек има образовни резултати еднакви на 7,3 години на учење. Тоа е најлош резултат во Европа или со други зборови, децата одат на  училиште 3,7 години кои им се залудно потрошени“.

Во поглед на Мрежата на основните училишта во Македонија констатираат дека е составена од  1000 училишта, од  коишто 363 се централни и 637 се подрачни училишта (овие податоци се пред пописот 2021). Намената на подрачните училишта е да се обезбеди образование во подалечните урбани или рурални заедници, тие преставуваат две третини од училишната мрежа и во нив учат 7% од вкупниот број ученици. Или, поконкретно 93% од учениците (171.000) посетуваат настава во 363 централни училишта и 7% од учениците (под 12.800) посетуваат настава во 637 подрачни училишта.

Каква е ситуацијата со училиштата

Ситуацијата е таква што најголем број училишта држат настава во две смени. Тоа е една од причините зашто учениците во Македонија добиваат помалку часови настава. Од друга страна, тоа ги ограничува ширината  и длабочината на наставата и  можностите за дополнителни предмети или  дополнителни часови за учениците. Поконкретно кажано: На шестгодишна возраст, првачињата во Македонија имаат едно од најниските нивоа на планирано време за настава (552 часа) меѓу 79 земји што учествуваат на ПИСА. Додека достигнат четиринаесетгодишна возраст, овие ученици ќе имаат околу 900 часа  помалку настава од просекот за учениците низ  земјите на ОЕЦД. За да се надмине овој предизвик, реформата на основното образование треба да има за цел да се зголеми бројот на часови за настава. Но, за да се зголеми бројот на часови мора да се зголеми времето, училиштата треба да создадат услови за работа во една смена. Со реформата е предвидено и ревидирање и воведување на нови образовни стандарди, вклучително и стандарди за училишна инфраструктура и опрема, како и за пристапност и безбедност. За да се исполнат овие стандарди треба да се приспособи физичката инфраструктура или преку дополнителни инвестиции или пренамена на недоволно искористени згради.

Кога се има во предвид големината на паралелките согласно Законот за основно образование (2019) предвидува дека во секоја паралелка треба да има најмалку 20 ученици. Сепак, од истражувањето се констатира дека „…само 13 општини (16%) го исполнуваат овој услов и над  половина се со просечна големина на паралелките од 10-15 ученици. Поконкретно: „.. процентот од општините според  просечната  големина на паралелката е  11-15 ученици 42%, од 15-20 ученици се 33%, од 21-25 ученици се 14%, од 6-10 ученици се 7%, од 26 ученици се  3%, од 1-5 ученици се 1%“.  Покрај тоа, училиштата со најнизок сооднос на ученик-наставник во земјата, имаат помалку од пет ученици по наставник.  Поради демографските промени, во одредени општини недостасуваат наставници, а во други има недоволна искористеност на човечките ресурси. Покрај тоа, 9% од наставниците се пред пензионирање.

Во подеталната анализа на структурата на наставничката работна  сила на општинско ниво, исто така, посочува  на загрижувачки недостаток на наставници  кои се квалификувани да ја исполнат визијата за образовна реформа. На пример, има недостиг од квалификувани наставници за одделенска настава споредбено со наставници за предметна настава. И меѓу наставниците за предметна настава недостасуваат наставници кои се квалификувани за  по Математика, Физика или Хемија, во споредба со наставници по предмети од општествени науки. Во училиштата со   мајчин јазик различен  од македонскиот јазик, дополнителните предизвици посочуваат на потреба  од детална анализа на ниво на општини и училишта за да се разбере како треба да се приспособи наставниот кадар, а некои  од општините ќе треба да ги прераспределат наставниците на други  образовни профили.

Дополнително, проекциите покажуваат дека вкупниот број на ученици и понатаму  ќе бележи опаѓање, и ефикасноста на училишната мрежа може да се  избалансира преку постепено пензионирање на наставниците, но, сепак ќе биде потребно преструктуирање на ресурсите за да се  одговори на диспаритетите на општинско ниво.

Колку се троши за образованието

Истражувањата укажуваат дека во земјава се троши помалку за образование за разлика од просекот на меѓународно ниво, но и овој процент е во опаѓање. Со 3,7 проценти од БДП во2018 г.(сега е 3,2 проценти) јавното трошење за образованието во Македонија кое најниско во Западен Балкан и многу пониско од просекот од 5,2 проценти од БДП во ОЕЦД или од просекот од 4,9 проценти во 27 земји-членки на ЕУ.

Поаѓајќи од истражувањата направени од  релевантни истражувачки меѓународни екипи и институции каде што состојбите за загрижувачки.  Владата и министрите  за образование и наука наместо да водат образовна политика, тие   се занимаваат со политика во образованието. И истите не чувствуваат потреба од одговорност.

Образовната состојбата во Македонија е алармантна. Зарем не’!

CATEGORIES
Share This