МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ПРЕД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН Македонија со јасна позиција за мирот, стабилноста и ЕУ
Премиерот ќе ги претстави приоритетите на Македонија, додека Сали порача дека европската интеграција нема алтернатива.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде ќе ги претстави позициите, приоритетите и ставовите на Македонија во рамки на генералната дебата.
Мицкоски во изминатите денови од Њујорк порача дека Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, останува посветена на мирот, стабилноста и меѓународната соработка.
Во македонската владина делегација на Генералното собрание е и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.
Сали истакна дека партнерството со САД и проширувањето на ЕУ остануваат од особено значење за регионот. Според него, членството во Европската унија е врвен приоритет, но европските критериуми треба да го мерат напредокот во реформите, а не билатерализацијата на процесот.
Во меѓувреме, неизвесно е со какви пораки ќе пристигне претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан.

