ЗНМ ГО ИСКЛУЧИ – Божиновски враќа: Чадиковски е исплашен поради неговиот криминал
Затоа, денес не сум исклучен - напротив, ова е моментот кога јас допрва сум вклучен.

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по предлог на Советот на честа, донесе одлука за исклучување на Зоран Божиновски од членството. Причината се сериозни и повторливи прекршувања на Етичкиот кодекс, вклучувајќи родово базирано вознемирување кон новинарки и поттикнување на говор на омраза.
Советот на честа разгледа пет претставки поднесени од новинарките Жана Божиновска (во име на Мирослава Симоновска), Јована Костадиновска, Анета Андонова, Сашка Цветковска и Мери Попова и утврди дека Божиновски ги прекршил член 10, 15 и 16 од Кодексот. Со тоа, тој ги губи сите права и бенефиции од членството во ЗНМ.
ЗНМ потсетува дека заштитата на професионалните стандарди и безбедноста на новинарите е од клучно значење за слободата на изразување и демократијата.
Во реакцијата на Зоран Божиновски се вели:
„Младен Чадиковски ме „исклучи“ од ЗНМ поради, според нив, моите објави и ставови. Всушност, денес сум исклучен од членство поради една реченица што ја објавив јавно: Оние кои би требало да бидат најгласни се неми. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, добро приходува од МРТ. Неговата сопруга и ќерка имале проекти неопходни за МРТ и заработиле стотици илјади евра. Младен не само што молчи, туку менаџментот на МРТ е за него најдобар. Според мене, Чадиковски е исплашен од тоа што следува. Во наредните денови ќе објавам детали за неговото и семејното, како и приходувањето на ќерката од МРТВ.
Тврдам дека претставките поднесени против мене до ЗНМ, меѓу кои и од новинарката Сашка Буљашка Цветковска, се мотивирани од лични и спорни причини, а јас лично не давам важност на членството или исклучувањето. Она што го барам со години и што ЗНМ не го дава е: криминалниот избор на Роберт Поповски, кој организирал сомнително изборно собрание без кворум и без финансиски отчет, криминалните практики на Младен Чадиковски во МРТ и молкот на ЗНМ за она што се случува во МРТВ.
Додека управниот одбор на ЗНМ и нивните гости уживаат на приватни настани и богат кетеринг, вработените во МРТВ имаат ограничен пристап, а условите во работните простории се деградирани – непристапни тоалети, нефункционални уреди и неред. Затоа, денес не сум исклучен – напротив, ова е моментот кога јас допрва сум вклучен. На најјако“ – се вли во реакцијата на Божиновски по повод одлуката на ЗНМ за исклучување.


