ЗНАМ ИЛИ НЕЗНАМ – Мемов вчера вели „ВРЕДИ“ не изигра денес вели се сакаме со „ВРЕДИ“

Нов ден, нов тон - портпаролот на ЗНАМ се коригира сам себе.

ЗНАМ ИЛИ НЕЗНАМ – Мемов вчера вели „ВРЕДИ“ не изигра денес вели се сакаме со „ВРЕДИ“
Фото: Принтскрин

Портпаролот на движењето ЗНАМ денеска излезе со поинаков став од оној што го сподели вчера на социјалните мрежи. Откако во неделата вечер јавно тврдеше дека партнерската партија ВРЕДИ го „изиграла“ ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, денеска се огласи со објаснување дека изјавата била негов личен став, а не официјална позиција на партијата.

„Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции“, напиша тој.

Портпаролот нагласи дека победата на локалните избори е резултат на заемната поддршка меѓу владините партнери.

„Победата што ја остварија ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е потврда на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори, владините партнери треба да продолжат во ист правец, бидејќи зацртаните политички цели се остварени“, додава во денешната објава.

Сепак, само пред еден ден, истиот портпарол на социјалните мрежи објави поинаков тон:

„ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо, само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“

CATEGORIES
TAGS
Share This