ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА Без подолги задржувања на границите
Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, пак, во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со возилата со зголемено внимание.
CATEGORIES Македонија

