ПРЕКИНИ ВО СКОПЈЕ Денеска без струја и вода жители на повеќе локации
ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“ најавија прекини од 09 часот – проверете дали вашата улица е на списокот.

Фото: Национал
ЕВН Македонија за денеска, 14 септември, најави планиран прекин на електричната енергија на подрачјето на општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата 6 во Бардовци.
Во меѓувреме, поради планирани градежни активности на водоводната мрежа, ЈП „Водовод и канализација“ Скопје најави и прекин на водоснабдувањето на повеќе локации.
Поради изведување водоводен приклучок Ф-225 мм на улицата „Отокар Кершовани“ бб, кај Амбулантата Бит Пазар, без вода ќе останат корисниците на улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков“ 14, како и Амбулантата Бит Пазар.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите и санирање на дефектот.
CATEGORIES Македонија

