ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – АМСМ со апел за внимателно возење

Коловозите наместа влажни, без подолги задржувања на граничните премини – внимателно на делниците каде има опасност од одрони.

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – АМСМ со апел за внимателно возење
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, при што на одделни делници коловозите се влажни.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при управувањето со возилата.

Зголемено внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. На ризик особено се изложени делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Во рамки на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со најголема дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This