ЖЕГА ДО 37 СТЕПЕНИ Попладне следува невреме со град и силен ветер
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер - локално се очекуваат и поинтензивни невремиња.

Фото: Национал
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе се движи од 13 до 37 степени. Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од Скопската Котлина попладне ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

