ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – АМСМ со апел до возачите за внимателно возење

Коловозите се суви, а на граничните премини нема подолги задржувања. Возачите се предупредуваат на можни одрони на повеќе делници.

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – АМСМ со апел до возачите за внимателно возење
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебно внимание се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони. Ризикот особено се однесува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This