ДЕНЕСКА ТРИ СКОПСКИ ОПШТИНИ БЕЗ СТРУЈА Проверете дали сте меѓу засегнатите
ЕВН најави прекини во Чаир, Ѓорче Петров и Центар, во период од 08:00 до 15:00 часот.

Фото: Принтскрин
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници на неколку локации во Скопје.
Без струја ќе бидат:
- Од 08:00 до 15:00 часот – корисниците од улицата Битпазарска, во близина на хотелот „АЕН“, во Општина Чаир.
- Од 09:00 до 11:00 часот – дел од корисниците од улицата Драгутин Аврамовски – Гуте, во Општина Ѓорче Петров.
- Од 09:00 до 14:00 часот – дел од корисниците од улиците Герман и Железничка, во Општина Центар.
Од ЕВН ги известуваат корисниците навреме да ги планираат своите активности во наведениот период.
CATEGORIES Македонија

