ЗЕЛЕНСКИ СО ПОВИК ДО ТРАМП И СИ Имате моќ да го натерате Путин да ја запре војната

Украинскиот претседател смета дека Вашингтон и Пекинг располагаат со доволно политичко влијание за да го принудат Путин да ја прекине војната.

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОВИК ДО ТРАМП И СИ Имате моќ да го натерате Путин да ја запре војната
Фото: Принтскрин

Зеленски очекува САД и Кина да извршат притисок врз Москва за запирање на војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг имаат доволно влијание за да го натераат рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине воената офанзива.

Во интервју за американската телевизија NBC, Зеленски одговори на прашањето каква порака би им испратил на Трамп, Си Џинпинг и Путин доколку присуствува на нивната средба во Кина.

„Сè започнува на бојното поле. Целата војна започнува токму таму, и секој напредок кон мирот е можен само под услов на прекин на огнот на фронтот“, изјави Зеленски.

Со оваа изјава украинскиот претседател ја нагласи потребата од прекин на огнот како предуслов за каков било мировен процес, истовремено упатувајќи порака дека Вашингтон и Пекинг можат да одиграат клучна улога во влијанието врз одлуките на Москва.

CATEGORIES
Share This