СИ ЏИНПИНГ, ПУТИН И ТРАМП ВО ИСТА СОБА Трите нуклеарни сили усвоија декларација за мир

На трилатералниот состанок во Шенжен беше истакнато дека нуклеарна војна не може да има победник и никогаш не смее да се случи.

СИ ЏИНПИНГ, ПУТИН И ТРАМП ВО ИСТА СОБА Трите нуклеарни сили усвоија декларација за мир
Фото: Принтскрин

Лидерите на трите најголеми нуклеарни сили во светот кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на трилатерална средба во кинескиот град Шенжен усвоија заедничка декларација за патот кон мирот, со јасна порака: во нуклеарна војна нема победник и таа никогаш не смее да се случи.

Според кинеската новинска агенција Синхуа, во декларацијата се предвидува Кина, Русија и САД да продолжат со дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

На средбата тројцата претседатели размениле мислења за актуелната меѓународна ситуација и ја потврдиле својата решеност за зачувување на стратешката стабилност и меѓународната безбедност.

Заедничката декларација испраќа значајна порака за потребата од дијалог и избегнување на нуклеарна конфронтација меѓу најмоќните светски сили.

CATEGORIES
Share This