ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИВА – Еве со колку држави Украина прави тајни договори за дронови
Украина ја проширува меѓународната соработка за беспилотни летала со речиси 20 држави во различни фази на преговори и договори.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека околу 20 држави во моментов се вклучени во различни договори поврзани со беспилотни летала со Украина.
Тој истакна дека комуникацијата со САД продолжува речиси секојдневно, а украинскиот претставник Рустем Умеров неодамна ги пренел резултатите од состаноците со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Зеленски нагласи дека е важно САД да останат активни во дипломатските напори, особено како посредник во прашањето за размена на затвореници.
Според него, веќе се доставени списоци и се очекува Вашингтон да има значајна улога во реализацијата на договорите, додека се разгледуваат и можни формати за идни лидерски средби поврзани со завршување на војната.
Зеленски додаде дека Умеров информирал за напредокот во преговорите со повеќе земји за соработка околу дронови, при што четири договори веќе се потпишани, а првите конкретни проекти се во подготовка. Во тек се и преговори со други држави за политички рамки што треба да ја отворат вратата за вклучување на компании.
Тој посочи дека покрај Блискиот Исток, Персискиот Залив, Јужен Кавказ и Европа, се очекува проширување на оваа безбедносна соработка и во други региони во блиска иднина.
