ЗЕЛЕНСКИ НАРЕДИЛ ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА КРИМСКИОТ МОСТ Сакам да биде урнат

Украинскиот претседател наводно побарал од воените команданти нови напади врз стратешки важната руска инфраструктура, откриваат извори за британски „Телеграф“.

ЗЕЛЕНСКИ НАРЕДИЛ ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА КРИМСКИОТ МОСТ Сакам да биде урнат
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно планира нови напади врз Кримскиот мост, со цел тој целосно да биде уништен. Според информации објавени од британскиот весник „Телеграф“, украинскиот претседател им дал јасни инструкции на воените команданти дека сака стратешки важниот мост да биде целосно урнат.

Повикајќи се на добро информирани украински воени извори, „Телеграф“ објавува дека Зеленски очекува нови воени операции против мостот, кој ја поврзува Русија со Крим.

„Претседателот сака целосно да биде соборен“, изјавил украински воен извор за британскиот весник.

Кримскиот мост има големо стратешко значење за Русија, бидејќи претставува важна патна и железничка врска за транспорт на луѓе и стока кон полуостровот. Тој претходно беше цел на неколку украински напади.

CATEGORIES
TAGS
Share This