МИЦКОСКИ ВО РЕК БИТОЛА Што се подготвува за најголемиот енергетски капацитет во Македонија
Премиерот одржа средба со раководствата на РЕК „Битола“ и АД ЕСМ, на која се разговарало за производството на струја, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети РЕК „Битола“, каде што со раководствата на комбинатот и АД ЕСМ разговараше за актуелното производство на електрична енергија, состојбите во енергетскиот сектор и плановите за подобрување на работењето на најголемиот домашен енергетски капацитет.
На работната средба биле разгледани тековните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците со кои се соочува секторот, како и идните чекори за унапредување на производството.
Мицкоски по посетата се огласи и на социјалните мрежи, посочувајќи дека редовната комуникација и координација меѓу институциите и вработените се од особено значење за стабилноста на енергетскиот систем.
„Денеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ. На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија“, напиша премиерот.

