ЗАСИЛЕН ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТАР -Локални врнежи од дожд во текот на ноќта

Ветерот од југоисток локално ќе надминува 60 км/ч, особено во попладневните и вечерните часови.

ЗАСИЛЕН ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТАР -Локални врнежи од дожд во текот на ноќта
Фото: Национал

Денеска (25.01.) времет ќе биде променливо облачно време со умерен, а наместа и засилен ветер од југоисточен правец, кој локално ќе надминува 60 км/ч и со температура во интервал од -3 до 13 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во текот на ноќта, претежно во југоисточните делови од земјата, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд.
Температурата ќе изнесува околу 9°C, атмосферскиот притисок 975 hPa, релативната влажност 70%, а брзината на ветерот околу 3 m/s.

CATEGORIES
Share This