ЗАЕВ НА ПРОСЛАВА ЗА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Гостивар преплавен со албански знамиња (видео)
Поранешниот премиер, кој ретко се појавува во јавноста, присуствуваше на приемот во Амбасадата на Албанија во Скопје.

Поранешниот премиер Зоран Заев повторно се појави во јавноста, овојпат на прием организиран од Амбасадата на Албанија во Скопје по повод 28 Ноември – Денот на албанското знаме и независноста на Албанија. На приемот присуствувале и актуелни пратеници и претставници на СДСМ, меѓу кои и претседателот на партијата Венко Филипче.
По подолг период во кој ретко се појавува на јавни настани, присуството на Заев привлече внимание. Неговото појавување го објави и косовскиот медиум „Kosova Today“, кој го посочи поранешниот македонски премиер меѓу гостите на прославата во Скопје.
Во пресрет на 28 Ноември, празникот што Албанија го одбележува како Ден на независноста и Ден на знамето, улиците на Гостивар се украсени со албански знамиња. Видеоснимка од празничното украсување објави градоначалникот Валбон Лимани на својот профил на Фејсбук. На објавените кадри се гледаат улиците со поставени албански знамиња, додека на снимката не се забележува македонско знаме.
Објавата повторно го отвора прашањето за начинот на истакнување на националните знамиња во општините, особено во пресрет на празници што се одбележуваат во соседните држави и меѓу нивните национални заедници во Македонија.

