ВУЧИЌ ОДИ ВО УКРАИНА На покана на Зеленски ќе учествува на важен самит

Српскиот претседател вели дека во Киев оди и со цел да придонесе за стабилноста и мирот за граѓаните на Србија.

ВУЧИЌ ОДИ ВО УКРАИНА На покана на Зеленски ќе учествува на важен самит
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска престојува во еднодневна посета на Украина, каде што ќе учествува на самитот на Карпатската иницијатива.

Од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката соопштија дека Вучиќ во Украина патува на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во утринската видеообјава на Инстаграм, Вучиќ посочи дека ќе присуствува на состанокот на Карпатската иницијатива за интеграција, која ја оцени како значаен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот Карпатски регион.

„На состанокот присуствувам со цел дополнително да обезбедам стабилност и мир за граѓаните на Србија, истакна Вучиќ.

Посетата е во рамки на неговите активности поврзани со регионалната соработка и инфраструктурното поврзување.

CATEGORIES
Share This