ВУЧИЌ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ ВО ТИВАТ – Иднината на Србија е кон ЕУ
Србија ја потврдува својата стратешка ориентација кон Европската Унија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват изјави дека Србија е на пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека тоа останува стратешка цел на земјата.
На прашањето од странските медиуми што очекува од самитот ЕУ-Западен Балкан и дали Србија е подготвена за понатамошно приближување кон ЕУ, Вучиќ оцени дека станува збор за еден од најважните самити во последниот период.
„Имав многу добри разговори со лидерите на ЕУ Урсула фон дер Лајен, Антонио Коста, Фридрих Мерц и Емануел Макрон. Верувам дека ќе видиме значаен напредок за земјите од Западен Балкан во иднина. Секако, треба да спроведеме многу реформи, но на крајот немаше проповеди или лекции од никого. Односот беше со вистинско почитување, што многу го цениме“, изјави Вучиќ.
