ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ Макрон открива нов пат за членство во ЕУ

Макрон истакна дека заедно со Германија е предложен модел на постепена интеграција, кој ќе биде тема на разговор со земјите од Западен Балкан.

ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ Макрон открива нов пат за членство во ЕУ
Фото: Принтскрин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека главната тема на дискусиите на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде процесот на проширување на Европската Унија кон земјите од регионот.

Во изјава за новинарите пред почетокот на самитот во Тиват, тој нагласи дека Франција и натаму поддржува воведување на нова методологија за пристапување, која би овозможила појасни и потранспарентни реформи, како и постепено усогласување на земјите-кандидатки со правото на ЕУ.

Макрон истакна дека заедно со Германија е предложен модел на постепена интеграција, кој ќе биде предмет на разговор со сите земји од Западен Балкан.

Тој додаде дека ова прашање не се однесува само на односите меѓу ЕУ и регионот, туку и на пошироки европски приоритети, како енергетската независност, безбедноста и управувањето со миграциските текови.

CATEGORIES
TAGS
Share This