ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО Попладне можни локални поројни дождови и ретки грмежи
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи

Фото: Национал
Времето денеска (25.09.) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 7 до 30 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
CATEGORIES Македонија


