ВРЕМЕНСКИ ХАОС – Дожд, силен ветар и снег ја зафаќаат Македонија
На планините дождот се претвора во снег поради студениот бран.

Фото: Национал
Времето денеска (30.04) ќе биде блачно и свежо со врнежи од дожд наместа пообилни (од 15 до 20 l/m²) и температура во интервал од 3 до 16 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија
