ВОЗАЧИ ДЕНЕСКА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Започна 24-часовниот маратон на МВР за контрола на возачите

Полицијата во следните 24 часа ќе спроведува засилени проверки за алкохол и наркотични средства кај возачите низ целата држава.

ВОЗАЧИ ДЕНЕСКА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Започна 24-часовниот маратон на МВР за контрола на возачите
Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи спроведува голема сообраќајна акција во рамки на европската иницијатива на ROADPOL, насочена кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол или наркотични средства.

Во периодот од 15 до 21 јуни, полициските службеници вршат засилени контроли на патиштата низ целата држава, а денеска ќе биде реализиран и 24-часовен сообраќаен маратон со зголемено присуство на полициски патроли и интензивни проверки.

Од МВР апелираат до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол или користеле недозволени супстанци, потсетувајќи дека неодговорното однесување во сообраќајот може да предизвика сериозни последици.

„Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Одговорното однесување на секој учесник придонесува за побезбедни патишта и спасување човечки животи“, велат од Министерството.

CATEGORIES
Share This