ВО ЧЕСТ НА 8 СЕПТЕМВРИ Одекнаа 10 почесни плутони
Почесната стрелба дел од свеченостите за Денот на независноста.

Фото: Принтскрин
Во пресрет на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, во Скопје синоќа се одржа почесна артилериска стрелба.
По повод државниот празник, во касарната „Илинден“ беа испукани вкупно 10 почесни плотуни од шест артилериски орудија. Стрелбата ја реализираше единицата на Артилерискиот баталјон при Армијата.
Претходно беше изведена и пробна артилериска стрелба, при што беше испукан еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната артилериска стрелба е традиционален дел од протоколот и свеченостите со кои се одбележува Денот на независноста – 8 Септември.
CATEGORIES Македонија

