ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Зголемен сообраќај, АМСМ предупредува на одрони на овие делници
Сообраќајот се одвива без застои и по суви коловози, но возачите се повикуваат на особено внимание низ клисурите и речните долини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при управувањето.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Внимание е потребно особено на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

