СОНЧЕВО И ТОПЛО, ТЕМПЕРАТУРАТА ДО 35 СТЕПЕНИ Ветерот ќе засилува до 60 км/ч
Стабилно време со мала до умерена облачност, а најсилни налети на ветер се очекуваат долж Повардарието.

Фото: Национал
Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 14 до 35 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

