ВНИМАНИЕ ВО СООБРАЌАЈОТ На овие патишта постои опасност од одрони

Сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози, но АМСМ апелира на внимателно возење, особено на критичните делници.

ВНИМАНИЕ ВО СООБРАЌАЈОТ На овие патишта постои опасност од одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони.

Зголемено внимание е потребно на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Во рамки на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This