ВНИМАНИЕ СКОПЈАНИ – Од утрово има исклучувања, еве каде нема вода и струја
Апел до граѓаните за трпение додека траат интервенциите на терен.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека денеска ќе има прекини во водоснабдувањето на неколку локации во градот поради изведба на водоводни приклучоци.
Поради приклучок ф-80 мм на улица „Мавровска“ 15, без вода ќе останат корисниците од истата улица. Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
Исто така, поради приклучок ф-100 мм на улица „Багдадска“ 11, прекин во водоснабдувањето ќе има на делови од „Багдадска“ и „Атинска“, со исто времетраење од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Во меѓувреме, Регионалниот центар за управување со кризи Скопје соопшти дека денеска ќе има и планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе општини: Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Во општина Карпош, од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од РТВ предавател Водно, кула АЕК Водно, селото Горно Нерези, Етно село Нерези, Предавател Космофон, објектите „Даре Џамбаз“, Поштенски дом Водно и селото Горни Крушопек.
Од 08:30 до 16:00 часот електрична енергија ќе нема во делови од селото Морани и викенд населбата Морани во Студеничани. Во Петровец, прекин е најавен од 09:00 до 14:00 часот на улица „10“ во село Ржаничино, како и од 11:00 до 14:00 часот на улиците „13“ и „14“ во истото село.
Во Гази Баба, прекин ќе има од 09:00 до 14:30 часот во дел од селото Мирковци, додека во Карпош без струја ќе останат и корисници од улиците „Иван Аговски“ и „Никола Тесла“ во истиот временски период.
