Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изразил желба да присуствува на погребот на својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој е закажан за 9 јули во шиитското светилиште Имам Реза во Машхад, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извори од Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Според истите извори, безбедносните служби засега не ја одобриле неговата намера поради страв дека Израел би можел да се обиде да изврши атентат за време на погребната церемонија или преку неговото појавување во јавност да ја открие локацијата на неговото засолниште, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Моџтаба Хамнеи беше повреден во нападот во кој, според овие извештаи, загинал неговиот татко. Оттогаш тој не се појавил во јавноста, а неговата здравствена состојба останува предмет на бројни шпекулации.
Во меѓувреме, Хамнеи не присуствуваше ниту на погребот на својата сопруга, која, според медиумските извештаи, загинала заедно со нивниот син тинејџер и други членови на семејството во американско-израелски напад на првиот ден од војната.
Наводите се темелат на информации од неименувани извори цитирани од „Њујорк тајмс“ и пренесени од „Тајмс оф Израел“ и не се независно потврдени од иранските власти.