ВЛАДАТА ИЗДВОЈУВА 770 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКАТА – Двојно зголемување на поддршката

Обезбеден бесплатен пристап до Web of Science и Scopus за научната заедница.

ВЛАДАТА ИЗДВОЈУВА 770 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКАТА – Двојно зголемување на поддршката
Фото: Национал

Владата има предвидено околу 770 милиони денари за поддршка и унапредување на науката, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По поставувањето на камен-темелник за проширување на простории во ОУ „Јоаким Крчовски“ во Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој пред новинарите истакна дека средствата за научната област се значително зголемени во однос на минатата година.

„Во науката, покрај капиталните инвестиции во инфраструктурата, ако се спореди буџетот со тој од 2024 година, се гледа двојно зголемување“, рече премиерот.

Тој додаде дека тековната годишна поддршка за научниците и истражувачите изнесува околу 770 милиони денари.

Мицкоски информираше и дека Владата обезбедила бесплатен пристап до две важни научни бази – Web of Science и Scopus, кои ќе им бидат достапни на истражувачите при изработка на научни трудови.

„Овозможивме бесплатен пристап до овие бази за првпат, со цел научната заедница полесно да ги користи при креирање публикации“, изјави тој.

На крајот, премиерот нагласи дека вложувањата во науката продолжуваат и дека таа останува еден од приоритетите на Владата.

CATEGORIES
Share This