КРАЈ НА ЗАБРАНАТА „Боинг“ се враќа во Кина по деценија блокада
САД и Кина отвораат нова рунда преговори за продолжување на трговското примирје кое истекува во ноември.

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат за продолжување на трговското примирје кое истекува во ноември, како и за рамка за меѓусебно намалување на царините за стоки во вредност од околу 30 милијарди долари.
Овие најави се во согласност со очекувањата што минатиот петок ги изнесоа претставници на администрацијата на Трамп, по дводневниот самит меѓу Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг.
Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ во Кина, објави Си-Ен-Ен. Кина прифатила почетна набавка на 200 авиони од американската компанија „Боинг“. Пекинг најавил и разгледување на ограничувањата за извоз на технологии и опрема за преработка на ретки земни метали, но без дополнителни детали.
